старите (само мн.)

Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старите толку се расположија што и на срамни песни ја свртеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го колнеа и младо и старо, но него клетва не го стигна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас мигновено го забележав тоа. Зар и вие, ќерки мои? Ами јас и Агна сме ти носеле лимонче, мори старо!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Старите испоумреле во туѓина, а младите кои се родени таму, пат тераат на море.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Онаа која признава само подлоги влажни и мрачни, подземја непожелни дома, избива одненадеж како пожар лази по таваните божем по одбрано небо без брзината на лебарките глувците и осите. Неприлагодена и грозоморна без митологијата на старите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Лесно им е на оние кои од старите наследиле врзопи дукати, а моиве ја продадоа најдобрата ораница за да го направам куќарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одамна заковани за планината, немоќни да слегуваат во долината, старите ја примија Мила како свое чедо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Старите се добро, те поздравуваат. Пратија храна и цигари. Морав да ги оставам на вратата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Од сета душа и од длабочините на срцето излегуваше таа нејзина и љубов и дарба во која беше внесено сѐ што со себе со векови носеа старите и го пренесуваа на новите колена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашите стари често ја цитираат мудрата еврејска поговорка што вели: да не ти даде Господ да имаш, па да немаш!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нема да и оставиме децата да робуваат. Доста сме биле робови ние со нашите стари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Новата пропаганда ќе оди преку Интернет. Младите се новата сила. На старите ниту им веруваме, ниту пак бараме нешто од нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И што би значело тоа за старите?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе